Хамза Абделкарим е желбата на Барселона

27.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Хамза Абделкарим е желбата на Барселона

Тимот на Барселона е во константна пограта по квалитетни млади играчи ширум светот, како што се впрочем и сите големи европски клубови.

Последен во редот на оние на кои Барселона смета дека е достоен да го носи дресот на тимот од Ноу Камп е египетсткото чудо од дете,  Хамза Абделкарим. Членот на тимот на Ал Ахли ќе наполни 18 години на 1 јануари, а Барса ги разгледува опциите како да го доведе.

Најпрво клубот би сакал да го доведе на позајмица со опција за откуп, на што Ал Ахли не се сложува. Од таму пак инсистираат на што поголема окупна сума, која што ќе му донесе на клубот профит.

Барса не планира да ги плати во моментов бараните, а за неа превисоки пет милиони евра.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата