Триумф на Астон Вила:Оли Воткинс го “скрши“ Брентфорд!

8.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Триумф на Астон Вила:Оли Воткинс го “скрши“ Брентфорд!

Се играше 49.минута при резултат 0:0, кога Оли Воткинс со убав гол донесе водство на Астон Вила на гостувањето кај Брентфорд. Ретко кој претпоставуваше дека тој гол ќе биде решавачки и доволен за победа на тимот на Унаи Емери, ако се знае дека домашниот тим имаше неколку шанси и опасни закани. Од друга страна токму Воткинс имаше шанса за 0:2. Сепак на крајот резултатот беше 0:1 за Астон Вила и големи и екстра значајни бода од ова тешко гостување.

Сега Астон Вила по 29.кола се наоѓа на седмото место на табелата во Премиерлигата, и тоа со 42 бода, но има меч повеќе, па и два од неколку екипи што се зад и пред неа.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата