Три натпревари од Серија А се одложени поради погребот на Папата

22.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Три натпревари од Серија А се одложени поради погребот на Папата

Поради погребот на Папата кој што е закажан за в сабота, на 26 април, три меча од Серија А ќе бидат одложени, вклучувајќи го тука и дербито Рома – Интер.

Истите мечеви ќе бидат презакажани за некој друг датум.

„Натпреварите во сабота нема да се одржат“, изјави италијанскиот министер Мусумечи на новинарите во вторникот, цитиран од АНСА.

Во сабота закажани натпревари се: Комо – Џенова, Интер – Рома и Лацио – Парма.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата