Трансфери: Официјално Лукман во Атлетико Мадрид, Ларсен потпиша за Кристал Палас, Тонали останува во Њукасл

2.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трансфери: Официјално Лукман во Атлетико Мадрид, Ларсен потпиша за Кристал Палас, Тонали останува во Њукасл
ФОТО:facebook.com/AtleticodeMadrid/

Во 20 часот и официјално завршија преодните рокови во Англија, Германија, Франција, Италија, останува само од ТОП 5 лигите во Ла Лига, кој завршува вечерва на полноќ.

За разлика од други зимски преодни рокови, денеска а и воопшто овој јануари немаше некои спектакуларни трансфери.

Денеска големо внимание предизвика Адемола Лукман, кој од Аталанта направи трансфер во Атлетико Мадрид. Фенербахче му нудеше 9 милиони евра годишна плата, ама Нигериецот прифати 6 за да игра во Ла Лига. Клубот од Бергамо добива околу 40 милиони евра.

Еден од најголемите трансфери, според отштетата е оној на Норвежанецот Јерген Странд Ларсен од Вулверхемптон во Кристал Палас и тоа за 50 милиони евра.

Интересна, да не кажеме сензационална вест денеска пристигна од Островот. Имено инсајдерите објавија дека Сандро Тонали би можел до вечерва да потпише за Арсенал, сепак ништо од тоа. Ниту Арсенал го сакал, ниту Њукасл сакал да го продаде.

Се смирува ситуацијата во С. Арабија по “земјотресот“ кој го предизвика Роналдо кој веројатно си оди од Ал Наср. По ова веројатно Карим Бензема ќе се пресели во Ал Хилал, а Нголо Канте би можел во Турција, во Фенербахче.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата