Удинезе ја победи Рома со 1:0 во последниот натпревар од 23-то коло на италијанската Серија А.
Ова е деветта вкупна победа на тимот од Удине, кој се искачи на деветтото место со 32 бода, додека Рома остана на петтата позиција со 43 бода, два помалку од четвртопласираниот Јувентус. Токму затоа Јуве најмногу се радува на оваа победа на тимот од Удине.
Победничкиот гол беше постигнат на почетокот на второто полувреме. Се играше 49-тата минута од натпреварот, домашните изнудија слободен удар од левата страна, на околу 25 метри од голот на гостите, Екеленкамп испрати слободен удар, топката го закачи Мален во живиот ѕид и го измами голманот Свилар – 1:0.
Секако, Рома се обиде да освои барем бод до крајот на натпреварот, а во 73-тата минута се случи ситуација во шеснаесетникот на Удинезе за која допрва ќе се зборува. Даниеле Џиларди беше соборен во шеснаесетникот, гостите побараа пенал, но судијата Саки не проговори.
На крајот од натпреварот, Брајан Кристанте ја затресе мрежата по големата толпа пред голот на Удинезе, но тој гол оправдано беше поништен поради офсајд.
Во последните секунди од судиското продолжение, Римјаните имаа уште една одлична можност, но Окоје одбрани и ја шутна топката во корнер. Потоа и Миле Свилар влезе во шеснаесетникот на домаќините, тоа немаше ефект, но на крајот гостите успеаја да го сопрат контранападот на Удинезе и да спречат поубедлив пораз.
sportmedia.mk

