Трансфери: Митровиќ пред потпис со Њукасл, Жоао Феликс прави трансфер во Саудиска Арабија!

27.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трансфери: Митровиќ пред потпис со Њукасл, Жоао Феликс прави трансфер во Саудиска Арабија!
ФОТО: FC AL-Hilal/FB

Најновите најави од релевантните медиуми, како и од инсајдерите во светот на фудбалот се дека Александар Митровиќ се враќа во Европа, а Жоао Феликс се сели во Саудиска Арабија.

Капитенот на репрезентацијата на Србија е пред потпис со Њукасл, еден од најголемите клубови во Премирелигата. Александар Митровиќ наводно правел трансфер од Ал-Хилал на “Сент Џејмс Парк“. Ова значи дека “страчките“ веројатно ќе му дадат дозвола на Александер Исак да се пресели во Ливерпул за не помалку од 150 милиони евра.

Му ја спремаа “десетката“ на Бенфика, го сакаа назадм, но сепак Жоао Феликс по Атлетико Мадрид, Барселона, Челзи и Милан, ќе се пресели во Саудиска Арабија и тоа во тимот на Ал-Наср кај своите сонародници Кристијано Роналдо и тренерот Жорге Жезус.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата