Интересно е на Островот, барем кога се во прашање трансферите. Во преден план е Ливерпул, кој откако не успеа да го доведе Александер Исак, Њукасл наводно барал 175 милиони евра, е во завршни преговори со Уго Екитике. Клубот од Енфилд испратил и официјална понуда до Ајнтрајт Франкфурт вредна 80 милиони евра.
Сепак сега на потег е германскиот клуб, кој како што се пренесува ја одбил првата понуда и побарува 100 милиои евра.
Исто Њуксл го посакуваше Екитике, но откако стана јасно дека Исак останува во клубот, се тргна по ново име, а тоа е Бењамин Шешко, младиот словенечки напаѓач и член на Лајпциг.
Не се споменува сума за која германскиот бундеслигаш би го пуштил Словенецот кој се поврзуваше со трансфер и во Арсенал, па дури и во Саудиска Арабија.