Фактот што менаџментот на ПСЖ никако не може да најде заеднички јазик со Џиџи Донарума за нов договор, ја доведе ситуацијата до таа фаза што клубот сега не само што бара нов голман, туку и очигледно го пронајде.
Медиумите утринава на големо пишуваат дека во Париз пристигнува досегашниот голман на Лил, Лукас Шевалие. Чуварот на мрежата кој што има 23. години и е еден од најквалитетнтите во светот.
Беше стандарден во сите генерации на репрезентацијата на Франција, а доби повик неодамна и за А националниот тим.
Проценет е на околу 40 милиони евра, што секако не е никаков проблем за актуелниот бранител на титулата во Лигата на Шампионите. ПСЖ планира да доминира во Европа во следниот период, конечно се наместија коцките кои ги склопи Луис Енрике, и плановите никако нема да бидат расипани само затоа што Донарума се противи на новиот договор. Напротив, неговата замена ќе биде тука час поскоро, а тимот ќе се сврти кон уште една успешна сезона која што претстои.
🚨🔴🔵 Paris Saint-Germain have agreed personal terms with Lucas Chevalier.
Talks ongoing with Lille as request starts from €40m, as L’Équipe reported.
PSG start moving as they still can not agree new deal with Gigio Donnarumma. pic.twitter.com/65ypuRdnpQ
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) July 27, 2025