Светскиот шампион со Франција на 31 година замина во пензија

15.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Светскиот шампион со Франција на 31 година замина во пензија

Поранешниот француски фудбалски репрезентативец Самуел Умтити објави дека ја завршува својата играчка кариера, објави францускиот весник „Л’Екип“.

Умтити (31) објави на социјалните мрежи дека одлучил да ја заврши својата играчка кариера, откако одигра само 13 натпревари за Лил во последните две сезони поради проблеми со повреди.

Неговиот договор со Лил истече на 30 јуни.

Тој освои седум трофеи со Барселона, а помина и низ сите младински селекции на Франција. До 2019 година одигра 31 натпревар за првиот тим на „триколорите“ и постигна четири гола. Со француската репрезентација го освои Светското првенство во 2018 година.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата