Напаѓачот на Интер Мајами, Луис Суарез дополнително е казнет со три меча суспензија во МЛС лигата поради инцидентот по мечот од Лига куп финалето против тимот на Сиетл одигран на 31 август. Суарез по поразот од 3:0 најпрво се искара на теренот, а потоа и плукна член на противничкиот стручен штаб.
Поради тоа Суарез првично е казнер со шест мечеви забрана за играње во Лига купот, а дополнотелно е казнет со три меча суспензија во МЛС лигата. Тој нема да игра токму против Сиетл, ДЦ Јунајтед и Шарлот. Секако, Суарез се извини преку социјалните мрежи.
„Тоа беше момент на голема фрустрација и тензија по крајот на мечот. Не ја оправдува мојата реакција секако. Направив грепка и се извинувам. Не е тоа сликата која што сакам да ја оставам пред клубот и семејството“ – напиша Суарез.