СКП: ПСЖ покажа милост кон Меси и Интер Мајами во второто полувреме! (ФОТО+ВИДЕО)

29.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СКП: ПСЖ покажа милост кон Меси и Интер Мајами во второто полувреме! (ФОТО+ВИДЕО)

ПСЖ – Интер Мајами 4:0 е епилогот од осминафиналниот меч на Светското клупско првенство кој се одигра на “Мерцедес-Бенц“ стадионот во Атланта и тоа пред 65.000 гледачи. Ова значи дека европскиот шампион се пласираше без никакви проблеми во 1/4 финалето каде ќе игра со подобриот од вечерашниот двомеч меѓу Фламенго и Баерн Минхен.

Инаку победникот на овој дуел беше решен уште по првото полувреме кое заврши со ефектни 4:0. Ѕвездите на тимот од Мајами, на чело со Лео Меси како да не можеа да поверуваат во тоа што гледаат, како да не можеа да поверуваат во тоа што ги снајде.

Машината“ на Луис Енрике уште во 6.минута прелку Невеш поведе со 1:0. Истиот играч во 39.минута го удвои водството, за да во 45.минута со автоголот на Авилес тимот од Париз поведе со 3:0. И тука не беше крајот на маките за Меси и другарите, се играше третата минута од судиското продолжение за да Хакими зголеми на 4:0.

Во второто полувреме ПСЖ како да покажа милост кон “својот“ некогашен играч Лео Меси и неговите соиграчи. Имаа шанси “светците“ за поубедлива победа, но се виде дека “дигнаа“ рачна, и немаше потреба за нешто повеќе ако се знае дека за нив на ова СКП допрва следува она вистинското.

Да кажеме дека по извесна пауза поради повреда, во тимот на ПСЖ во второто полувреме заигра и Усман Дембеле.

ФОТО: ФЦ ПСГ/ФБ

 

 


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата