СКП: Интер Мајами на Меси одигра 0:0 против Ал Ахли! (ВИДЕО)

15.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СКП: Интер Мајами на Меси одигра 0:0 против Ал Ахли! (ВИДЕО)

Утринава по македонско време започна историското Светско клупско првенство од милијарда долари. На стартот Интер Мајами на Лео Меси, на свој терен на “Хард Рок“ стадионот во Мајами, одиграа 0:0 против Ал Ахли од Египет. И треба веднаш да се каже дека голманите на двете екипи беа главните ѕвезди на овој прв меч на ова првенство. Посебно во блескаво издание се претстави чуварот на мрежата на Интер Мајами, Устари кој во 43.минута успеа да му одбрани пенал на Трезеге, имаше уште неколку одлични одбрани, беше ноќна мора за противникот од Египет и затоа беше прогласен за најдобар играч на теренот.

Лео Меси и во 37 година ја покажа сета своја класа. Сам си создаде две шанси, но не успеа да му донесе победа на својот тим. Прво противничкиот голман Ел Шенави го одбрани неговиот удар, а потоа Лео од слободен удар ја погоди пречката на Ал Ахли.

Треба да се каже дека трибините на “Хард Рок“ стадионот во Мајами беа исполнети, имаше околу 60.000 гледачи. Сепак Меси е Меси, а ова беше и прв меч. Од друга страна се стравува дека ова СКП не предизвикува такво внимание како што ФИФА очекуваше.

ФОТО: ФЦ Интер Мајами/Х


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата