Скандал во Шкотска: Навивач на Абердин со столче тешко повреди играч на својот клуб (ВИДЕО)

17.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Скандал во Шкотска: Навивач на Абердин со столче тешко повреди играч на својот клуб (ВИДЕО)
фото: (X)

Вистински скандал се случи по натпреварот денеска меѓу Данди Ј. и Абердин во последното коло од шкотската Премиер лига, откако дефанзивецот на Абердин, Џек Мекензи беше удрен со дел од седиште од трибините, фрлено од еден од навивачите на неговиот клуб за време на инвазијата на теренот која се случи по победата на Данди Јунајтед со 2:1 и пласманот на тимот на нашите Трапановски и Бабунски во Лигата на Европа за следната сезона.

Мекензи влезе на теренот додека навивачите на Данди Ј. влегоа на теренот да го прослават пласманот во Лигата на Европа. Тогаш дел од столче летна од трибините и го удри во главата. Дел од предметите летаа и кон менаџерот на Данди Јунајтед, Џим Гудвин.

Менаџерот на Абердин, Џими Телин, по натпреварот изјави дека Мекензи е „добро, но станува збор за прилично лоша повреда“.

„Ова е неприфатливо и не смее да се случи“, додаде Телин. „Мораме да ги добиеме сите факти за тоа што всушност се случило. Се што знаеме е дека Џек се повреди многу лошо. Ова не може да се случи на овој начин.“

Полицијата во Шкотска потврди дека на Мекензи му е пружена медицинска помош на местото на настанот и дека ќе биде потребна дополнителна медицинска проценка.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата