Манчестер Сити вчера во рамките на 1.коло во Премиер лигата со 4:0 успеа да го победи Вулверхемптон. И додека сите го фалеа изданието на неговиот тим, како и на дел од новите играчи, секако и двата гола на Ерлинг Халанд, тренерот Пеп Гвардиола истакна дека не е задоволен:
„Имаме премногу играчи. На оваа средба Родри, Фоден и Ковачиќ не беа во составот, а Аке и Гундоган беа оставени на клупата. Да, јасно е дека сакам да имам широк ростер, пред нас е цела сезона во сите натпреварувања, но не сакам никој да биде изоставен од тимот. Тешко е да се создаде здрава конкуренција и тимски дух во вакви услови. Во раководството на клубот знаат за ова, но ситуацијата останува непроменета. Во наредните денови ќе разговараме со дел од играчите и нивните агенти за да најдеме излез. Мора да го намалиме играчкиот кадар“ посочи Пеп.