Сити испушти бодови против Сандерленд, празно реми на Брентфорд и Тотенхем

1.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Сити испушти бодови против Сандерленд, празно реми на Брентфорд и Тотенхем
фото: Premier League (X)

Двата натпревари од Премиер Лигата кои се одиграа во терминот од 21 часот го продолжија денешниот тренд и завршија со нерешен резултат. По ремијата на Ливерпул и Лидс, како и Кристал Палас и Фулам, преостанатите два натпревари помеѓу Брентфорд и Тотенхем и Сандерленд и Манчестер Сити завршија со нерешен резултат 0:0.

Брентфорд го пречека Тотенхем во малото лондонско дерби кое пружи интересни моменти, но немаше голови. Манчестер Сити неочекувано повторно испушти важни бодови во битката за врвот и во моментов се наоѓа на -4 од водечкиот Арсенал. Сандерленд уште еднаш покажа дека сезонава игра фантастично на домашен терен и повторно остана непоразен против тимовите од ТОП-4. Ова е трето последнователно реми за „црните мачки“ кои се наоѓаат на високото седмо место на табелата.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата