Бренан Џонсон прифати: Велшанецот од Тотенхем оди во Кристал Палас

1.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бренан Џонсон прифати: Велшанецот од Тотенхем оди во Кристал Палас
фото: Spurs Zone (X)

Фудбалерот од средниот ред на Тотенхем, Бренан Џонсон, се согласил на трансфер во Кристал Палас, потврди инсајдерот, Фабрицио Романо.

Клубовите претходно се согласија за трансферот на велшкиот репрезентативец за 33,5 милиони фунти. Џонсон ќе го помине првиот дел од медицинските прегледи за Кристал Палас, пред да биде објавен договорот.

Младиот фудбалер постигна два гола на 16 натпревари во Премиер лигата оваа сезона и беше најавуван и како можно засилување за Ливерпул пред почетокот на сезоната.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата