Серијата на Рома не запира, падна и Фиорентина (ВИДЕО)

4.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Серијата на Рома не запира, падна и Фиорентина (ВИДЕО)

Лудата серија без пораз за Рома продолжи и денеска во мечот со Фиорентина на домашен терен во 35-тото коло на италијанската Серија А. „Волчицата“ славеше со 1:0 и по враќањето на Клаудио Раниери на клупата е апсолутен хит.

Рома со денешната победа направи серија од 19 натпревари без пораз и со право да се надева на место во Лигата на шампионите.

Единствениот гол за победа го постигна украинскиот репрезентативец Артем Довбик во последните моменти од првото полувреме.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата