Рафиња, напаѓачот на Барселона кој оваа сезона игра во фантастична форма и е еден од најголемите кандидати за “Златната топка“ деновиве откри дека малку недостигало да заиграл за селекцијата на Италија.
Познато е дека Рафиња сега важи за еден од најдобрите фудбалери во селекцијата на Бразил.
А што се случувало во таа 2020 година, самиот објаснува:
„Бев многу блиску да го облечам дресот на селекцијата на Италија. Беше тоа во пресрет на ЕП 2020, кое аѕурите го освоија. Беше се готово, беше се договорено. Сепак, на моја среќа паошот доцнеше. Луѓето од раководството на Фудбалската федерација на Италија ме повикаа во неколку наврати да играм за таа селекција, исто имав разговори и со Жоржињо, но сепак длабоко во себе верував дека ќе добијам повик од мојата земја, од Бразил. Така и беше. Затоа велам дека за моја среќа не заиграв за Италија“.