Тимот на Сасуоло во првиот од денешните три дуела од новото коло во Серија А, успеа да слави кај тимот на Пиза, со конечни 1:3.
Мечот мина во доминација на гостите, кои што на време поведоа веќе во 25 минута преку Доменико Берарди. Навреме и зголемија на 0:2, со автоголот на Карачиоло пред полувреме.
Михаел Аебишер ги врати надежите на домаќинот за поволен резултат на овој дуел, но сепак, тоа не се случи. Дилемите ги реши Коне во 58. минута поставувајќи ги конечните 1:3.

