Маинц го „шокираше“ Лајпциг на негов терен

31.01.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Маинц го „шокираше“ Лајпциг на негов терен

Во денешното редовно коло од Бундес лигата, најголемото изненадување го имаше тимот на Маинц кој што успеа да слави со конечни 1:2, кај тимот на Ред Бул Лајпциг.

Головите за гостите на овој меч ги постигнаа Амини и Силас, на претходното водство на домаќинот преку Хардер.

Аугзбург од друга страна со 2:1 на свој терен го совлада Сент Паули, додека пак Баер однесе три бода од гостувањето кај Ајнтрахт со победата од 1:3.

Хофенхајм ја искористи предноста на сопствениот терен и навивачи, па славеше со 3:1 против Унион Берлин, додека пак Вердер и Менхенгладбах одиграа 1:1.

Од 18:30 Баерн гостува кај Хамбургер.

 


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата