Српската фудбалска легенда, Саша Илиќ има нов тренерски ангажман. Ќе го води тимот на Сумгаит во шампионатот на Азербејџан.
Клубот имаше тешка резултатска сезона, заврши осми од десет екипи и нормално е да бара решение за тренер. Го пронајде во Илиќ кој има искуство покрај во Партизан и во ЦСКА Софија, како и во грчкиот тим на Атромитос.