„Сапуницата“ ќе трае повеќе од планираното…. Нико Вилијам нема да се појави на подготовките во Билбао

20.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Сапуницата“ ќе трае повеќе од планираното…. Нико Вилијам нема да се појави на подготовките во Билбао

Во моментов ѕвездата на тимот на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс е пред потпис со тимот на Барселона. Репрезентативецот на Шпанија ги договори личните услови со Барса, но допрва треба двата клуба да се разберат околу откупната клаузула.

Тоа ќе потрае. Во меѓувреме, Атлетик Билбао и неговиот тренер Ернесто Валверде ќе ги започне подготовките за следната сезона на 9 јули, но Вилијамс со оглед на статусот на репрезентативец и обврските кои ги имаше ќе пристигне неколку дена подоцна. Или нема… според информациите од Шпанија, офанзивецот нема да се пријави на тренинг за да не дојде до несакани ситуации.

Од друга страна Барселона закажа собир на 13 јули. Е тука веќе ситуацијата е поинаква.

Нико Вилијамс е категоричен дека најдоброто нешто што треба да се направи е што поскоро да се финализира неговиот трансфер во Барселона. Тој не сака да започне предсезона со Атлетик Билбао бидејќи тоа би создало напната ситуација за сите, со прекумерен притисок од неговиот клуб и потенцијално незадоволство од навивачите.

Барселона е исто така против продолжување на чекањето и ќе го забрза процесот за Нико да не мора да поминува низ маките на тренинзите со своите соиграчи од Атлетик Билбао.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата