Роналдо “тресеше“ за Ал Наср за гол бр.968!

11.04.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Роналдо “тресеше“ за Ал Наср за гол бр.968!
ФОТО:facebook.com/alnassrfc/

И дефинитивно Кристијано Роналдо, еден од најдобрите фудбалери во историјата, и тоа како има намера да дојде до својот илјадити гол во кариретата. А до тоа го делат само уште 32 голови ако се знае деке вечерва во меч од 28.коло од шампионатот на С.Арабија, успеа да постигне еден гол за својот Ал Наср на гостувањето кај Ал Ал Окдод. Гостите предводени од португалската мега – ѕвезда славеа со 0:2 а Роналдо голот го постигна во 15.минута. Овој гол е гол бр.968 за него во кариерата.

Во продолжение од мечот гол постигна и неговиот сонародник Жоао Феликс во 47.минута за конечни 0:2.

Со овие три бода тимот на Роналдо сега има +5 бода предност на лидерслата позиција на табелата пред вториот Ал Хилал.

Значи Роналдо е блиску и до титулата, прва за него, во С. Арабија.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата