Сензационална вест која ја лиферуваат познатите спортски медиуми во Европа. Имено топката што е вистинска икона на Лигата на шампионите, познатата топка со ѕвезди, повеќе нема да биде официјална топка на ова натпреварување.
“Адидас“, кој беше производител на топки и имаше договор со елитното европско фудбалско натпреварување, го завршува својот договор и нив ќе ги наследи компанијата „Најк“.
Значи, ова е крај на една ера во европскиот фудбал, а компанијата „Најк“ ќе произведува топки за уште две европски натпреварувања, Лигата на Европа и Лигата на конференцијата.
Инаку, „Адидас“ соработуваше со клупските натпреварувања на УЕФА 25 години, од 2001 година.
sportmedia.mk

