Роналдо не гласаше, тоа го стори Бернардо Силва: Еве како гласаа капитените во изборот на ФИФА!

17.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Роналдо не гласаше, тоа го стори Бернардо Силва: Еве како гласаа капитените во изборот на ФИФА!
фото: Cristiano Ronaldo (X)

Ништо ново кога станува збор за Кристијано Роналдо. Тој повторно, исто како и лани, одби да гласа за изборот на ФИФА како капитен на Португалија, па тоа го стори Бернардо Силва како негов заменик.

Инаку еве како гласаа капитените на најсилните селекции за изборот на ФИФА за најдобар фудбалер во 2025 година:

Лионел Меси (Аргентина): 1. Усман Дембеле 2. Килијан Мбапе 3. Ламине Јамал
Маркињос (Бразил): 1. Усман Дембеле 2. Рафиња 3. Ашраф Хакими
Лука Модриќ (Хрватска): 1. Витиња 2. Усман Дембеле 3. Ламине Јамал
Хари Кејн (Англија): 1. Усман Дембеле 2. Витиња 3. Мохамед Салах
Џошуа Кимих (Германија): 1. Витиња 2. Хари Кејн 3. Педри
Џанлуиџи Донарума (Италија): 1. Усман Дембеле 2. Ашраф Хакими 3. Ламине Јамал
Ашраф Хакими (Мароко): 1. Килијан Мбапе 2. Усман Дембеле 3. Рафиња
Вирџил ван Дајк (Холандија): 1. Мохамед Салах 2. Усман Дембеле 3. Нуно Мендес
Бернардо Силва (Португалија): 1. Витиња 2. Нуно Мендес 3. Усман Дембеле
Унаи Симон (Шпанија): 1. Ламине Јамал 2. Педри 3. Нуно Мендес


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата