Давиде Фратези, по се изгледа, уште овој јануари ќе си оди од Интер. Иако со заминувањето на Симоне Инзаги се појавија шанси тој да биде важен дел од тимот на „нероаѕурите“, сепак, Фратези не доби минутажа која ја осакува, па сега се поизвесно е неговото заминување во нова средина.
Минатото лето, Кристијан Киву го убеди барем да го одложи заминувањето. Се обиде да го смири, го посети во клиниката по операцијата на ингвинална хернија, па дури и му го објасни тактичкото сценарио што го замислуваше за него. Сепак, од тоа не бидна ништо, па Фратези е подготвен да ги разгледа понудите.
Интер претходно најави дека Фратези нема да го продаде на тим што се смета за директен конкурент за врвот, но сега се чини работите се сменија, па единствената цел е да се заработи од бараната цена околу триесет милиони евра. Јувентус, Наполи, Рома или Њукасл се веќе во листата на заинтересирани клубови за играчот за врска, па останува да се сочекаат првите конкретни понуди во јануари.

