Реал за утрешниот меч посилен за Белингам и Камавинга

15.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Реал за утрешниот меч посилен за Белингам и Камавинга

Добри вести од таборот на Реал Мадрид. За утрешниот, инаку стартен дуел од Лигата на Шампионите, кои Реал го игра на домашен терен против тимот на Олимпик Марсеј, во комбинација ќе бидат досега повредените Џуд Белингам и Едуардо Камавинга.

Белингам се врати на тренинзите минатата недела и сега очигледно е во доволно добра состојба за да игра.

Играчот од средниот ред беше опериран на 16 јули, неколку дена откако заврши учеството на Реал Мадрид на Светското клупско првенство.

Едуардо Камавинга исто така беше вклучен во составот на „кралевите“ откако досега не беше достапен оваа сезона поради проблем со глуждот.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата