Реал во финишот го скрши отпорот на Кадиз (видео)

15.04.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Реал во финишот го скрши отпорот на Кадиз (видео)

Во рамките на 29 коло на шпанската Ла Лига, Реал Мадрид со многу мака славеше победа на гостувањето кај Кадиз. На крајот резултатот беше 0:2 за кралскиот клуб два брзи гола во второто полувреме.

Во првото полувреме Кадиз имаше шанса за водство но Еспино ја погоди стативата, а потоа Гил му одбрани удар на Асенсио, а потоа и на Бензема.

Гил во 50 минута повторно беше јунак и му спечи удар на Родриго, а одбраната на Кадиз падна во 72 минута. Начо Фернандез прими топка на околу 25 метри и испрати супер шут по што го совлада голманот (ГОЛОТ НА НАЧО ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОВДЕ). Четири минути подоцна мечот беше решен. Асенсио погоди и го постави конечниот резултат (ГОЛОТ НА АСЕНСИО ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ОВДЕ).

Реал останува втор со 62 бода, 10 помалку од лидерот Барселона но и меч повеќе.

Во идното коло Реал ќе игра со Селта, додека Кадиз, кој е на 15. место, ќе игра со Еспањол.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата