Реал Мадрид официјално побара одложување на првиот натпревар од Ла Лига

7.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Реал Мадрид официјално побара одложување на првиот натпревар од Ла Лига
фото: Real Madrid C.F. (X)

Со оглед на фактот што ова лето за тимот на Реал Мадрид трае предолго без пауза помеѓу двата шампионата, клубот и официјално побара да биде одложен мечот од првото коло од новиот шампионат на Примера.

Реал има закажан меч од првото коло против тимот на Осасуна на 19 август на домашен терен на Сантијаго Бернабеу, но од клубот испратија официјално барање до федерацијата истиот да биде одложен.

Едноставно, играчите на Реал Мадрид нема да имаат доволно време за да се одморат и да се подготват за новата сезона.

 


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата