Рашфорд го одработи својот прв тренинг со Барса!(ВИДЕО)

24.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Рашфорд го одработи својот прв тренинг со Барса!(ВИДЕО)
ФОТО: FC Barselona/FB

Кој сака нека каже, ама Маркус Рашфорд и тоа како е големо, екстра засилување во нападот на Барселона. Тој е првиот Англичанец кој по три децении и повеќе го облече дресот на каталонската гордост. Иако ќе игра како позајмен играч, сите во Барса се презадоволни што ете го добија еден од најдобрите англиски напаѓачи, ама кога му се игра.

А од тоа што можеше да се види на денешниот тренинг, инаку прв на Рашфорд во новиот клуб, на него и тоа како му се игра.

Јамал, Рафиња, Рашфорд, Левандовски, Олмо, Феран Торес, Барџи…каков ли само страшен напад ќе има Барса во следната сезона.

Нека му ја мислат противниците.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата