Деклан Рајс би можел да потпише нов договор со Арсенал. Би-Би-Си од сигурни извори дознава дека лондончани започнале преговори за продолжување на договорот со играчот од средниот ред.
Тековниот договор на Рајс е со важност до летото 2028 година и вклучува опција за продолжување за уште една сезона, но клубот сака да потпише долгорочен договор со играчот. Рајс моментално заработува околу 240.000 фунти неделно, а Арсенал му понудил и зголемување на платата.
Оваа сезона, капитенот на „топчиите“ одигра 29 натпревари од Премиер лигата и имаше пет асистенции.

