Познати се новите правила кои ФИФА ги воведува за Мундијалот

13.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Познати се новите правила кои ФИФА ги воведува за Мундијалот
ФОТО: FIFA.COM

Светската кровна фудбалска организација, ФИФА донесе неколку нови правила кои што се базираат врз брзината, правичноста и правилното функционирање на фудбалската игра.

Истите ќе бидат имлементирани на следниот Мундијал кој што ќе се одржи летово во САД, Канада и Мексико.

Правилата се едноставни, а се однесуваат најмногу на прекините.

  1. Играчот кој е заменет, ќе има десет секунди да го напушти теренот. Доколку истото трае подолго, играчот кој што го заменува ќе мора да чека една минута за да влезе. Практично, тимот ќе биде со десетмина шеесет секунди.
  2. Уфрлањето од аут ќе мора да биде извршено во рок од пет секунди, инаку топката ќе му припадне на противникот.
  3. Играчот кому му се пружа лекарска помош мора да го напушти теренот и да чека една минута пред да се врати во игра.
  4. ВАР ќе има можност за интервенција при доделување на втор жолт картон или пак ако е воочена очигледна грешка при досудување на корнер.

sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата