ПСЖ испрати официјалнa понуда до Парма за трансфер на голманот на јапонската репрезентација Зајон Сузуки.
Според информациите од инсајдерот, Фабрицио Романо, парижани се подготвени да платат 33 милиони евра за 23-годишниот голман. Парма е задоволна од оваа понуда, со што ПСЖ е пред Јувентус во трката за голманот, бидејќи клубот од Торино сè уште не направил никакви официјални понуди.
Француските шампиони наводно веќе му го претставиле својот проект на Сузуки. Улогата на голманот во клубот ќе зависи и од иднината на Лукас Шевалие.

