Сега веќе е и официјално и дефинитивно, па и потврдено. По цела една деценија во дресот на Манчестер Сити, денеска Кевин де Брујне на своите социјални мрежи потврди дека по завршување на тековната сезона тој ќе си оди од „Итихад“. Да потсетиме дека со години наназад Де Брујне беше еден од најдобрите играчи на Сити и во Премиерлигата, а со “граѓаните“ освои се што можеше да се освои, и Лигата на Шампионите во 2023.
Тој им се заблагодари на сите, а на фановите на Сити им порача дека ова се последните месеци за него во овој клуб.
Dear Manchester. 💙 pic.twitter.com/2EdhVYOLti
— Kevin De Bruyne (@KevinDeBruyne) April 4, 2025