Поради поплаки на горештината: Натпреварите на СП 2026 ќе се играат на покриени стадиони

13.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Поради поплаки на горештината: Натпреварите на СП 2026 ќе се играат на покриени стадиони

Американците ќе понудат покриени стадиони за Светското првенство во 2026 година поради поплаки за високите температури на годинешното издание на светското клупско првенство на ФИФА. Ова го изјави претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.

Повеќето од натпреварите на Светското првенство во 2026 година ќе се одржат на затворени стадиони со климатизација за да се намали влијанието на топлината и временските услови.

„Секоја критика е можност за нас да ја проучиме ситуацијата и да размислиме како да се подобриме. Секако, топлината е проблем. Минатата година на Олимписките игри во Париз, сите спортови се одржуваа во многу топли услови во текот на денот. Паузите за разладување се многу важни и ќе видиме што можеме да направиме. Но, имаме стадиони со покриви и дефинитивно ќе ги користиме за дневните натпревари следната година“, рече Инфантино.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата