Заврши првиот дел од финалето во ЛШ кое се игра вечерва во Минхен. ПСЖ фуриозен, едноставно тимот на Луис Енрике просто “царува“ на „Алијанц Арената“ и водство од 2:0 против Интер.
Хакими прво стрелаше во 12.минута за 1:0, следуваше голот на Дуе во 20.минута за 2:0.
Интер не постои во Минхен, составот на Инзаги како воопшто да не дојде на финалето. Дури во последната фаза од првото полувреме почна да игра нешто, тука мислиме на супер шансата на Тирам, но имаше и Дембеле во 44.минута супер шанса и за 3:0.
ПСЖ го дели само едно полувреме од историја, од освојување на првата титула во ЛШ.