Полицијата се судри со навивачите: Мечот Бешикташ – Хапоел во прекин (ВИДЕО)

26.11.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Полицијата се судри со навивачите: Мечот Бешикташ – Хапоел во прекин (ВИДЕО)

Инциденти и прекин на натпреварот меѓу Бешикташ и израелскиот Хапоел Бер Шева во петтото коло од Лигата на Европа, кој се игра вечерва во грузискиот град Батуми. Според извештаите на турските медиуми, грузиската полиција интервенирала против навивачите на Бешикташ откако тие развеале палестински знамиња на трибините.

Медиумите објавија снимки на кои се гледа како полициски службеници се обидуваат да го одземат знамето од навивачите, по што дошло до физичка пресметка и турканици. Дел од присутните реагирале на полициската интервенција.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата