Ливерпул го носи голманот на Ленс

26.11.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ливерпул го носи голманот на Ленс

Во таборот на Ливерпул очигледно полека но сигурно размислуваат за иднината, кога станува збор за голманската позиција.

Според денешното издание на „Л’Екип“, челниците на клубот веќе на големо преговараат за трансфер на 21. годишниот голман на француски Ленс, Робин Рисер.

Тој во моментов е еден од најперспективните голмани во исклучително квалитетната франзуцска лига, а неговите години се уште еден плус.

Во моментов прв чувар на мрежата на Ливерпул секако е Алисон Бекер, додека пак, негова резерва е грузиецот Мамардашвили.

 

 


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата