Победа на Парма за уште поголем кошмар на Фиорентина

27.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Победа на Парма за уште поголем кошмар на Фиорентина

Серија А програмата денеска е отворена со победата на тимот на Парма на свој терен против последнопласираната Фиорентина со конечни 1:0.

Единствениот гол на мечот за домашните го постигна Соренсен на стартот на второто полувреме односно во 48. минута.

Парма со оваа победа стигна до 17 бодови по 16 меча и 14. место на табелата, а за тимот на Фиорентина што друго да се каже освен следново.

Не ли го подигне тимот до Фиренца во моментов нивото на игри, резултати, ефикасност и се останато, ќе мора многу бргу да се навикне на второлигашки живот. Во моментов Фиорентина е последна со само девет бода.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата