По седум години, Милан повторно ќе игра финале во Купот на Италија

23.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
По седум години, Милан повторно ќе игра финале во Купот на Италија

По петнаесети пат во својата клупска историја, екипата на Милан ќе игра во големото финале на Купот на Италија. „Росонерите“ вечерва во големото „Дерби дела Мадонина“ успеаја да слават со 3:0 против градскиот ривал Интер и по ремито (1:1) на првиот меч први да обезбедат место во големото финале.

Вистински херој на Милан вечерва беше српскиот интернационалец Лука Јовиќ. Тој на двапати се најде на вистинско место во вистинско време и успеа да го матира голманот на „нероаѕурите“ Мартинез и на навивачите на Милан да им приреди големо славје на трибините.

Првиот гол на за Милан, Јовиќ го постигна во 36. минута, а вториот дојде по само четири минути игра во вториот дел од мечот. Рајндерс со гол во 85. минута само го потврди триумфот на „росонерите“.

Милан последен пат играше во финалето на Купот на Италија во 2018 година, а последен пат трофејот беше во нивни раце во далечната 2003 година.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата