По неполни три месеци Рен го отпушти Сампаоли

30.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
По неполни три месеци Рен го отпушти Сампаоли

По неполни три месеци на клупата на француски Рен, Хорхе Сампаоли доби отказ. Како што објавија од Рен, тие вчера му врачиле отказ на 64-годишниот Сампаоли.

Аргентинскиот стратег седна на клупата на францускиот тим во ноември 2024 година и не успеа да се задржи таму подолго од три месеци.

Рен загуби пет натпревари по ред, вклучувајќи го и поразот во Купот на Франција од Троа (0:1). Очигледно клупската управа нема трпение да чека подобри денови и реши уште денеска да побара нов тренер кој ќе го спаси тимот од можно испашање од Лига 1.

Во Лига 1, Рен моментално се наоѓа на 16. позиција во поредокот, со 17 бодови од 19 натпревари.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата