Федерико Киеза синоќа ги одигра првите комплетни 90 минути во дресот на Ливерпул и не испишти шанса да му се заблагодари на Арне Слот за довербата.
„Играм со одлични играчи, јас сум во одличен тим, толку сме фокусирани на секое натпреварување. Сакаме да тргнеме кон титулата, да ја освоиме и Лигата на шампионите, па и Карабао купот, ФА Купот. Има одлична атмосфера, уживам овде. Се разбира дека досега не добив шанса да играм од многу причини, но ова се првите 90 минути по подолго време, па затоа сум среќен вечерва. Уживам што сум во клубот, бидејќи Ливерпул е еден од најголемите клубови во светот и базата на навивачи е едноставно неверојатна. Играњето на Енфилд ми предизвикува морници“, изјавил Киеза.