“Перез ми кажа дека морам да го решам проблемот со судиите, во спротивно ќе бара англиски судии во Ла Лига!“

29.01.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
“Перез ми кажа дека морам да го решам проблемот со судиите, во спротивно ќе бара англиски судии во Ла Лига!“

Познато е дека од пред неколку месеци Фудбалската федерација на Шшанија има нов претседател, а тоа Рафаел Лузан. Тој не крие дека е фан на Реал Мадрид, а во најновото интервју за медиумите во таа земја уште повеќе ја „загреа“ атмосферата.

Флорентино Перез ми кажа дека морам да горешм проблемот со судиите. Тој ми се пожали и рече дека не е задоволен од тоа како судиите го третираат Реал Мадрид и дека поради нив клубот во минатото има загубено неколку трофеи. Мојот однос со него е коректен, но тој беше категоричен кога е оштетен од арбитражата. Јас му посочив дека сега влегувам во таа проблематика, дека сум нов. Ова не е изненадување, тој инсистираше и бараше да се реши случајот – Негреира. Секако дека тоа не е моја надлежност, а тој посочи дека ќе бара судии од Англија“ рече покрај другото Лузан.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата