Паника во Ливерпул: Ван Дајк има понуди од Реал Мадрид, Атлетико Мадрид и Баерн Минхен!

10.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Паника во Ливерпул: Ван Дајк има понуди од Реал Мадрид, Атлетико Мадрид и Баерн Минхен!

Вирџил ван Дајк со години важи за најдобриот стопер во светот. Холанѓанецот заедно со Мохамед Салах е клучниот фудбалер на Ливерпул и затоа тој е толку омилен меѓу фановите на “Редси“, на кого во јуни му исктекува договорот со гигантот од Енфилд. Шокантно е тоа што раководството на Ливерпул сеуште нема потпишано продолжување на договорот, а шокот деновиве е уште поголем, ако се знае дека Ван Дајк добил понуди од неколку гиганти.

Како прво тоа е Реал Мадрид, јасно е дека најголемиот клуб во светот ќе сака да ја зграби шансата да дојде до најдобриот дефанзивец. Се споменува и Атлетико Мадрид како и Баерн Минхен. Овие три клубови и тоа како биле заинтересирани во јуни да го ангажираат.

На потег се самиот Ван Дајк и Ливерпул.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата