Ова не му требаше на Флик: Фановите на Еспањол вечерва и спремаат пекол на Барса! (ВИДЕО)

15. 05. 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ова не му требаше на Флик: Фановите на Еспањол вечерва и спремаат пекол на Барса! (ВИДЕО)

Иако се од ист град, нејќат да се видат што се вели и се вечни ривали. Се разбира дека се мисли на Барселона и Еспањол. Првите ја “тераат“ каталонска линија а вторите се повеќе кон онаа кастиљската.

И кога е така, тогаш во пресрет на секој нивни меч и тоа како треба да се внимава на секој потег, а Ханси Флик едноставино не внимаваше.

Тој направи потег со кој ги разгневи фановите на Еспањол и вечерва тие и спремаат пекол на Барселона, се игра од 21.30 часот во меч од 36.коло во Ла Лига.

А што направи Германецот? Веројатно несакајќи, го згазна грбот на Еспањол излегувајќи од тунелот кон теренот. Потоа тој се извини, ама бадијала. Штетата веќе е направена.

Инаку ако вечерва Барса победи и дефинитивно ќе биде шампион.

ФОТО: ФЦ Барселона/ФБ


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата