Официјално: Шчесни уште две години на голот на Барса

7.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Официјално: Шчесни уште две години на голот на Барса
фото: FC Barcelona (X)

Војчех Шчесни го продолжи договорот со Барселона.

Каталонскиот клуб објави дека потпишал нов договор со 35-годишниот полски голман до јуни 2027 година.

Шчесни ја продолжи кариерата откако потпиша за Барселона минатата зима, по сериозната повреда на Марк-Андре тер Штеген. Полјакот одигра 15 натпревари во Ла Лига, од кои на 8 не прими гол.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата