Официјално: Дон Карло селектор на Бразил до 2030!(ВИДЕО)

14.05.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Официјално: Дон Карло селектор на Бразил до 2030!(ВИДЕО)
Фото: Brasil Football 🇧🇷@BrasilEdition X

Бразилската фудбалска асоцијација денес потврди дека Карло Анчелоти потпиша нов договор до лето 2030 година. Во кратко соопштение, ЦБФ нагласи дека Бразил ќе продолжи да биде под команда на еден од најдобрите тренери во историјата, истакнувајќи дека имаат апсолутна доверба во него дека ќе ја направи „Селесао“ моќна како што беше некогаш.

Анчелоти го презеде Бразил минатото лето откако го напушти Реал Мадрид по четири години. Светското првенство во САД, Канада и Мексико ќе биде неговиот прв голем тест како тренер, а притисокот е како и секогаш огромен. Бразил е светски шампион пет пати, но чека на последниот трофеј од 2002 година. Бразил е во групата Ц со Шкотска, Хаити и Мароко.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата