Официјално: Ал-Наср му се заблагодари на Пиоли! (ФОТО)

25.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Официјално: Ал-Наср му се заблагодари на Пиоли! (ФОТО)

Ништо неочекувано и ништо што не е изненадување, но сепак е официјално. Од утринава Кристијано Роналдо остана без тренер, имено Ал-Наср на своите социјални мрежи објави дека се раздели со Стефано Пиоли, дека и официјално Италијанецот не е веќе тренер на еден од најголемите клубови во Саудиска Арабија.

Поранешниот тренер на Милан, Фиорентина, Интер, Лацио, Болоња, Верона, Сасуоло, Парма и други, седна на клупата на клубот од Саудиска Арабија во септември минатата година, но сепак не успеа да ги оствари клупските амбиции, да дојде барем до еден трофеј во сезоната.

За тоа кој ќе биде нов тренер на Кристијано Роналдо, допрва ќе се дознае, а за тоа секако дека се прашува и португалскиот ас.

ФОТО: ФЦ Ал-Наср/Х


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата