Тукушто синоќа заврши првото издание на Светкото клупско првенство од така глобален карактер на кое учевствуваа голем број на екипи, а веќе денеска се избрани и најдобрите единаесет на ова натпреварување.
Челзи е освојувачот на пехарот, а лондончани во финалето го уништија ПСЖ со 3:0.
Па според тоа, нормално е во најдобрите единаесет да се најдат и најмногу играчи од оваа екипа.
На голот е Боно, а во последната линија се Хакими, Маркињос, Тиаго Силва и Кукуреља. Во средниот ред се Нето, Витиња, Енцо Фернандес и Кол Палмер, додека во нападот се Ариас и Гарсиа.