Новите засилувања ги одбраа броевите: Вирц е новата „седумка“ на Ливерпул

1.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Новите засилувања ги одбраа броевите: Вирц е новата „седумка“ на Ливерпул

Ливерпул денеска официјално ги потврди броевите на играчите пред стартот на сезоната 2025/26 во Премиер лигата. Екипата на Арне Слот влегува во сезоната како шампиони и ќе се обиде да ја започне одбраната на титулата.

Ова беше лето на промени за „црвените“ кои потрошија 269 милиони фунти за трансфери, а Милош Керкез, Флоријан Вирц, Џереми Фримпонг, Хуго Екитике и Армин Печи се новите имиња во составот. Фреди Вудман и Ѓорѓи Мамардашвили исто така пристигнаа и сега ќе му бидат замена на Алисон.

Седумте новопристигнати играчи во клубот ова лето ги одбраа своите броеви, а Конор Бредли и Треј Њони одлучија да ги променат.

Флоријан Вирц го зеде дресот со број 7, кој остана празен по заминувањето на Луис Диаз во Баерн Минхен. Милош Керкез е новиот број 6 на „црвените“, а Џереми Фримпонг го избра бројот 30, бројот што го имаше и во претходниот клуб Баер Леверкузен. Хуго Екитике ќе го носи дресот со број 22.

Во голманскиот дел, Ѓорѓи Мамардашвили го доби бројот 25, Фреди Вудман е пријавен со број 28 и Армин Печи со број 41. Во меѓувреме, Конор Бредли го смени бројот и од 84 сега ќе настапува со број 12, а Њони од бројот 98 се префрли на 42.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата